Викендов ќе започне летното сметање на времето. Летното сметање на времето започнува во последната недела во март, гиднава (30 март) со поместување еден час нанапред, па времето во два часот наутро се смета за три часот наутро.
Овој премин од зимско во летно време се спроведува секоја година, а со тоа денот ќе биде подолг, а ноќта пократка. Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.

