среда, декември 25, 2024
домаЖивотСценаВили се вивна високо на руското ѕвездено музичко небо

Вили се вивна високо на руското ѕвездено музичко небо

Легендарниот охридски рокер Вили Котовски, кој живее и музицира во Русија, влезе во големото Тв шоу во градот Саратов. Ни раскажува од прва рака што му се случило: -На гласот на Саратов и Саратовска област стигнав преку продуцентот Лилија Ефименко-личност со која се знаеме одамна. Имено, требаше да бидам гостин во сета таа игра и да ја промовирам песната „Засвири бато“ која ја испеав на Охрид фест 2000, но овој пат со руски текст-наречена „Коњаче“. Но бев убеден само да настапувам во изборот, а зошто и не?! Додека човек пее значи дека живее! Така и се започна. Првото преслушување на слепо онака како што веќе оди- тројца професори докажани во својата област ги слушат изведувачите но не ги гледаат. Бев избран-но решив да заминам кај оној кој прв го стегна -копчето. Беше тоа Татјана Анисимова-и 25437200_10155960650574264_1363887786_nсигурно не погрешив, што се докажа потоа. Интересно е да споменам дека во моментот при изборот на многумина во публиката им се допадна она што го отпеав и имаше долги овации. Следеше осмина финале каде што уште повеќе придобив публика на своја сметка, притоа пеејќи и на руски и на македонски одредени делови од песната. И веќе бев во четвртфиналето. Мојот наставник или професор со којa се советувавме, Анисимова, коректно кон мене се однесуваше и ми даде можност да одберам повеќе песни кои можат да се стават во барабанот. Беше извлечена од моите предлози „Ти си ми у крви“ од Чолиќ-и повторно иако не го познаваат јазикот сето тоа им се допадна не само на тројката од наставници-професори Анисимова- Лазарева- Новицков тука и на сите оние кои беа присутни во салата. Заработив високи комплименти од својот наставник Анисимова, која не се срамеше да каже дека во еден момент била готова и да заплаче иако ниту збор не разбрала слушајќи го она што го пејам. Четвртфиналето настапувавме по двајца-и жал ми е што момчето кое беше противник во тој дуел не успеа. Следеше полуфинале-во кое требаше да се извлече се од партнер до песна. Се случи беше извлечена младата Ина Карповиц- која претходно немав прилика да ја чујам, а и песната „Стјуардеса“ на Пресников. Имавме 5-6 часа да ја научиме и да настапиме- таков беше условот. Некако се снајдов иако лично од себеси не бев задоволен-но им се допадна сработеното од мене, но не и од младата и неискусна Ина Карповиц така што веќе бев во големото финале. Повторно големи подготовки- многу песни во барабанот- молев Господ да биде извлечена  мојата „не дам те„ или „Игри без граници“, од Тоше, но за жал тоа не се случи. Но сепак прекрасната балада на Мишо Ковач ме радуваше и знаев дека ќе биде добро. Се случија препирки околу втората песна-која беше извлечена затоа што се покажа дека некому веќе била ветена да ја испее, но немаше назад. Станува збор за „Lasciate mi cantare“ која звучи фантастично во моја изведба. Бев подучен да прифатам друга варијанта-но иако се согласив-испеав една песна-чесно се заблагодарив на публиката и наставниците и ја напуштив сцената. Нешто сигурно се побуна во мојот дух и сакав да останам она што сум. Се уште никој не знае што се случи и верувам се прашува целата публика која ме подржуваше-дури вчера за Саратовскиот телевизиски канал кажав дека се откажав поради тоа што другите петмина финалисти беа подобри од мене млади надежни, а јас сум среќен и за тоа што стигнав во финалето. Но и таа е вистината-среќен сум што високо се пласирав во туѓа земја, друго говорно подрачје, друг менталитет но и реално имаше прекрасни вокали-тоа од душа го велам. Чест ми е што бев дел од проектот- и во душата ќе си носам уште еден убав и прекрасен спомен, а за Саратов благодарност. Ова се однесува за Саратовската публика а и секако за сите мои блиски луѓе од Македонија кои ми пишуваа ме бодреа и сите најдоа убав топол човечки збор да ми помогнат. Благодарам Охриде-благодарам моја Македонијо!

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ