сабота, јули 27, 2024
домаЖивотВисоката смртност кај пациентите се должи на тоа што пациентите доцна се...

Високата смртност кај пациентите се должи на тоа што пациентите доцна се јавуваат во болница

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информира дека високата смртност кај пациентите се должи на тоа што пациентите доцна се јавуваат во болница.

„Анализата покажа дека смртноста е висока, особено во првите два-три дена кај најтешките случаи. Кај околу триесет случаи Ковид-19 е утврден постмортем, додека 29 отсто од смртните случаи се меѓу вториот и петтиот ден по приемот во болница, што значи дека биле примени во крајно тешка состојба“, рече Филипче.

Министерот Венко Филипче потенцира дека  има место во болниците и дека граѓаните не треба да се плашат дека капацитетите се полни. Тој информира дека во Инфективната клиника од 110 расположиви кревети пополнети се 90, 30 отсто е исполнетоста на болницата во Козле, а Модуларната болница е празна и од утре ќе има 72 слободни кревети. Освен во болниците во Охрид и во Битола каде што има по неколку слободни кревети, полуисполнети се болничките капацитетите во другите градови од државата. Филипче рече дека има доволен број слободни кревети и во „8 Септември“, како и тоа  дека се работи на системот на ротација на здравствениот кадар.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ