среда, мај 22, 2024
домаЖивотСценаВладо Јаневски на 1 јуни со најголемиот концерт во кариерата

Владо Јаневски на 1 јуни со најголемиот концерт во кариерата

Како резултат на обновената соработка на „Авалон Продукција“ и Владо Јаневски после пауза од повеќе од десет години, на 01 јуни, на стадионот на АРМ ќе се случи најголемиот концерт на Владо Јаневски во неговата кариера. Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно Тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.

Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 фанови на Владо Јаневски од цела Македонија и навистина ни е задоволство што во годината во која и ние одбележуваме јубилеј од 25 години, што го работиме овој проект.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок, 13 април во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени: 500 ден – ПАРТЕР, 800 ден – ФАН ПИТ (само 1.000 влезници) и 1.000 ден – ВИП.

Во продажба ќе биде пуштен и одреден контингент на ВИП пакети кои ќе може да се резервираат телефонски на 078/365-245 (секој работен ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ