Влатко Стефановски Трио ќе настапи на фестивалот „All You Need Is Love“ кој ќе се одржи на 23 декември во Вип арената на салата „Борис Трајковски“.
-За да најгoлемата предновогодишна фешта биде што е можно поголема, се одлучивме пред настапот на хедлајнерот на фестивалот „All You Need Is Love“, Џибони, со свој целовечерен настап да го имаме и најголемиот балкански гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски заедно со своето трио. Се разбира дека Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Џибони, но нашата заедничка желба беше истата вечер да уживате и со целовечерен настап на живата легенда Влатко Стефановски со неговиот бенд – велат организаторите „Авалон продукција“.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда на 31-ви октомври, онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон, по следниве цени и категории: ПАРТЕР- 700 денари, ФАН ПИТ- 1000 денари, SILVER SEATS- 1000 денари, GOLDEN SEATS- 1200 денари и ВИП- 2000 денари.
Во текот на наредната недела ќе бидат соопштени и уште две имиња коишто се многу битни кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол што ќе ја отворат фестивалската вечер, пред да настапат ѕвездите на вечерта, Влатко Стефановски и Џибони на овој предновогодишен настан.