понеделник, јуни 17, 2024
домаЖивотСценаВлатко Стефановски Трио со Џибони на „All you need is love 2018“

Влатко Стефановски Трио со Џибони на „All you need is love 2018“

Влатко Стефановски Трио ќе настапи на фестивалот „All You Need Is Love“ кој ќе се одржи на 23 декември во Вип арената на салата „Борис Трајковски“.

-За да најгoлемата предновогодишна фешта биде што е можно поголема, се одлучивме пред настапот на хедлајнерот на фестивалот „All You Need Is Love“, Џибони, со свој целовечерен настап да го имаме и најголемиот балкански гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски заедно со своето трио. Се разбира дека Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Џибони, но нашата заедничка желба беше истата вечер да уживате и со целовечерен настап на живата легенда Влатко Стефановски со неговиот бенд – велат организаторите „Авалон продукција“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда на 31-ви октомври, онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон, по следниве цени и категории: ПАРТЕР- 700 денари, ФАН ПИТ- 1000 денари, SILVER SEATS- 1000 денари, GOLDEN SEATS- 1200 денари и ВИП- 2000 денари.

Во текот на наредната недела ќе бидат соопштени и уште две имиња коишто се многу битни кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол што ќе ја отворат фестивалската вечер, пред да настапат ѕвездите на вечерта, Влатко Стефановски и Џибони на овој предновогодишен настан.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ