сабота, јули 27, 2024
домаЖивотВселенска станица му се заканува на Балканот

Вселенска станица му се заканува на Балканот

Делови од кинеската вселенска станица „Тјенгунг еден“, која се наоѓа надвор од контрола на тимот на Земјата, треба да падне на Земјата на почетокот на април, а регионот на Балканот е една од можните локации. Иако поголемиот дел од стануцата тешка 8,5 тони ќе се распадне кога ќе влезе во атмосферата, некои парчиња тешки до 100 килограми може да паднат на Земјата.

Она што најмногу загрижува е фактот дека вселенската станица содржи ракетно гориво хидразин, кое, во случај на долготрајна изложеност, може да предизвика оштетување на црниот дроб и нервниот систем, наведе британскиот весник „Мирор“.

Кина ја изгуби контролата над „Тјенгунг еден“ (Небесната палата еден) во 2016 година. Постои можност помала количина на делови д „Тјенгунг“ да го преживее летот низ атмосферата и да ја падне на Земјата, објаснува „Аеро-спејс“, компанијата за техничкии научен развој, која и помага на НАСА. Ако се случи тоа, сите делови ќе паднат во опсег од неколку стотици километри.

Сепак, експертите уверуваат, дека дури и ако некој се најде во оваа област со највисока веројатност за пад, веројатноста да го погоди дел од станицата е милион пати помала од онаа да добие на лотарија. Научните портали забележуваат дека во историјата на вселенските летови никој не бил повреден од остатоци од вселенски летала.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ