Од нашиот специјален известувач од Пусан, Наташа Доковска
Вториот ден од преговорите на ИНЦ-5 во Бусан, Република Јужна Кореја, беше обележан со напредок, но и со значителни предизвици. Додека дискусиите за клучните компоненти на договорот продолжија, логистичките проблеми и недоволната инклузивност го отежнаа суштинското учество на многу делегати и набљудувачи.
Клучни моменти од Ден 2
Република Кореја, како домаќин, покажа амбиција во промовирањето на мерки за намалување на производството на пластика, но и покрај предизвиците, државите-членки водеа суштински преговори во повеќе групи.
Во однос на прашањата поврзани со финансиите некои земји се залагаа за финансиски механизам фокусиран на управување со отпад, рециклирање и „кредити за пластика,“ што според критичарите не ги решава корените причини за загадувањето со пластика.
Се појавија контроверзни дебати во работната група 4 која што распара за обемот и принципте, при што некои делегати бараа да се стесни обемот на договорот за да се исклучат полимерите на пластика и да се отстранат одредбите за заштита на човечкото здравје од негативните влијанија на пластиката.
Сепак најголеми се предизвици со инклузивноста. Имено, домаќинот не обезбеди доволен пристап за сите засегнати страни. Салите за преговори се пренатрупани, со недоволно места и слаб интернет, само 3% од регистрираните набљудувачи имаа пристап до просториите за состаноци, што остави многумина, вклучувајќи и членови да останат без можност да учествуваат во преговорите. Некои претставници на држави-членки мораа да стојат за време на сесиите.
Друг проблем со кој се сооучуваме во БЕХКО во Пусан е игнорирање на локалното застапување. Локалните корејски активисти изразија загриженост за недостатокот на пристапност и ја повикаа владата да ги подобри условите, но овие барања не беа соодветно адресирани.
Логистичките недостатоци негативно се одразија на посветеноста на домаќинот кон транспарентност и инклузивност.Ограниченото учество го поткопа процесот на преговори, кој бара широка ангажираност за ефективни и праведни резултати.
Во очекување:
Преговорите на ИНЦ-5 мора да ги решат овие организациски проблеми за да обезбедат поинклузивна и продуктивна средина во наредните денови. Засегнатите страни се надеваат на посилна посветеност кон транспарентноста, особено како што дискусиите се насочуваат кон критични области како заштитата на човечкото здравје и механизмите за спроведување на договорот.