Засилена мерки низ светот: Дали се очекува пандемична фаза на коронавирусот?

0
232

Владите ширум светот ги засилија мерките за борба против глобалната пандемија на коронавирус, бидејќи бројот на ново заразени надвор од Кина, епицентарот на заразна болест, го надминува бројот на заразени во Кина оваа недела, јавуваат агенциите.

Швајцарија ги забрани сите јавни собирања, а откажан е и најголемиот саем на автомобили во Женева кој секоха година ги собира најголемите љубители на автомобилизмот.  Австралија воведе вонредни мерки, при што Тајван ја зголеми својата стапка на реакција на највисоко ниво, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп го именува потпретседателот Мајк Пец за одговорен за мерките на САД, во услови на пораст на глобалната здравствена криза.

САД и Јужна Кореја ги одложија заедничките воени вежби поради епидемијата на вирусот, кој се шири далеку од Кина, каде за прв пат се појави минатиот декември на пазарот за животни во Вухан. Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека неговата земја дејствува во согласност со условите за пандемија и дека на болниците им било укажано да обезбедат доволно медицински материјали, лична заштитна опрема и персонал, пренесува АФП.

„Постојат сите индикации дека светот наскоро ќе влезе во пандемичната фаза на коронавирусот“, рече Морисон на прес-конференција во Канбера. „Како резултат, се договоривме денес и започнавме …. план за одговор при итни случаи за коронавирусот.“

Од коронавирусот заразени се над 80.000 луѓе и уби близу 2.800, претежно во Кина. Рапидно се шири на различни места – значително во Италија, Иран и Јужна Кореја – и во последниве денови почна да ја исполнува дефиницијата за пандемија, повикувајќи на аларм. Данска е последната земја што потврди зараза, а еден човек кој се вратил од скијање во Италија е заразен.
Бразил ја потврди првата инфекција во Латинска Америка во средата, при што Пакистан, Шведска, Норвешка, Грција, Романија, Естонија, Швајцарија и Алжир ги пријавија првите случаи. Кина извести за 433 нови случаи во четвртокот, за разлика од 406 претходниот ден, пренесува Ројтерс. Јужна Кореја во четвртокот објави 334 нови случаи, вкупно 1595, што е највисоко меѓу земјите надвор од Кина. Иранските власти објавија дека се заразени вкупно 141 лице и дека 22 лица починале од коронавирусот.
САД издадоа ново предупредување за патување во Јужна Кореја, откако американската војска го објави првиот случај на заразен од коронавирус во средата, 23-годишен војник во базата во близина на јужнокорејскиот град Даегу. . Американските здравствени претставници го објавија првиот можен случај на пренесување преку социјален контакт во САД. Ова е личност која нема значајна историја на патување или изложеност на друг познат пациент. САД тестираат 59 случаи – од кои повеќето се вратија од крузерот во Јапонија. Бројот на потврдени случаи од крузерот се приближи до 700, со четири смртни случаи од 3 февруари, откога бродот се наоѓа во јапонското пристаниште.

Сакајќи да ја смири американската берза која паѓа веќе петти ден, Трамп рече дека ризикот од вирусот е „многу низок“ во САД и оти тие се „многу, многу подготвени“ да се соочат со заканата. Кинеските власти соопштија дека бројот на нови починати во четвртокот е 29, што е најниска дневна вкупна вредност од 28 јануари. Вирусот што може да предизвика пневмонија досега уби 2,744 луѓе во Кина, повеќето во провинцијата Хубеи. Италијанското жариште објави уште 100 случаи на национално ниво, со повеќе од 400 потврдени случаи во најголемото жариште во Европа сега, при што бројот на починати се искачи на 12. Хотелот во Тенерифе, Канарските Острови, остана затворен и трет ден со над илјада гости поради случаи поврзани со Италија. Надвор од Кина, потврдени се повеќе од 50 смртни случаи, вклучително и 22 во Иран. Ирак во средата забрани јавни собири и влез на патници од Кувајт и Бахреин, поради ширењето на новиот коронавирус. Саудиска Арабија им забрани на странците да доаѓаат на аџилакот Умра и туристи од земји каде што се потврдени инфекции.

Подготивл:  А.Н.