четврток, мај 30, 2024
домаЖивотЗдравјеЗасладете се без бел шеќер

Засладете се без бел шеќер

Само вистинските зависници од слатко знаат како е кога ќе ви „падне шеќерот“. Многумина се подготвени да запрат сè што прават за да отидат до фрижидерот или во продавница по нивната доза слатко. Сепак, нутриционистите велат дека понекогаш желбата за слатко може да ја задоволите со помош на намирници кои не содржат рафиниран шеќер.

Ова се некои од нив:

  1. Цимет: Кога ќе добиете желба за слатко, додадете лажичка цимет во обично кафе. Иако овој зачин не е сладок, нашиот мозок го поврзува со десерти како колачи и пити, и на тој начин создава илузија на сладост. Можете исто така да го додадете во овесна каша или јогурт.
  2. Екстракт од ванила: Една-два капки екстракт од ванила ќе го трансформира вкусот на пијалоците и храната во неприкосновено гастрономско искуство.
  3. Банани: Пробајте мафини, палачинки или пандишпан, во кои ќе додадете една банана наместо шеќер. Ова овошје со висок процент на фруктоза ќе го заслади вашиот десерт и ќе му даде сочност.
  4. Карамелизиран кромид: И солената храна бара шеќер, особено кога е потребно да се балансира киселоста на сосот од домати или горчината на модриот патлиџан. Затоа, готвењето започнете го со динстање на кромидот, кој е природно сладок. Важно е кромидот да го динстате на умерена температура подолго време, додека не добие убава кафеава боја.
  5. Малку цитрус: Скоро и да нема храна која нема да ја „поправи“малку изцеден сок од агруми како портокал. Додајте го овој слатко-горчлив овошен сок на пити со шумско овошје, супи и преливи за салата, а исто така можете да го користите за закиселување на зеленчукот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ