сабота, јули 27, 2024
дома150 нацртани ружи по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев 

150 нацртани ружи по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев 

По повод 150 годишнина од раѓањето на славниот македонски идеолог Гоце Делчев, уметникот и хуманист Живко Поповски- Цветин нацрта четириметарска цветна патека со 150 ружи.

Со неа го одбележа раѓањето на великанот во црквата Свети Спас во Скопје, каде се останките на Делчев.

Во придружба на шаховскиот шампион Димитар Илиевски, поетот Мендо Димовски, артистот Војче Китаноски и неколку уметници, Цветин во чест на Гоце Делчев со цетната лента ја закити бистата во О. У. “Гоце Делчев” во Скопје , споменикот на Скопскиот плоштад но и мостот кој го носи неговото име, каде пригодно и со пиетет беа кажани и најпознати изреки од големиот револуционер.

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ