вторник, мај 21, 2024
домаКујна3 изненадувачки начини како се користат криптовалутите

3 изненадувачки начини како се користат криптовалутите

Буката околу биткоинот полека избледнува, но криптовалутите се сеуште популарни помеѓу ентузијастите на дигиталната готовина. Всушност, може да замените пари не само за биткоин, туку и за лајткоин, етереум, рипл, монеро, и уште многу други криптовалути. И додека буката за влог во криптовалутите е постојано присутна, не сите ја гледаат дигиталната готовина како можност за вложување. „Среќни потрошувачи, задволни производители„ ги објаснува начините како потрошувачите ги користат овие дигитални средства.

  1. Коцкање. “Еден од најпознатите уникатни начини во кои луѓето користат криптовалути е децентрализирано обложување.” Cryptocup е обложувалница која го користи блокхенот за собирање, управување и дистрибуција на приходите без централна банка или точка на неуспех”, вели Крис Кастиљоне, професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Кастиљоне предава курс за блокчејн – револуционерна технологија која овозможува финансиски трансакции или нешто од вредност што треба да се сними – и биткоин и етереум курс онлајн.
  2. Добротворни донации. Патрик Греј, пронаоѓач и директор на HashChain технологија, глобална компанија лоцирана во Ванкувер, Канада, вели дека многу луѓе ги донираат своите криптовалути во добротворни организации низ светот. Пример за тоа е добротворната организација “Fidelity Charitable” која открива дека во 2017 година добила 69 милиони долари донации во вид на криптовалути.
  3. За да се заштитат од хиперинфлација. “Во повеќето земји како Зимбабве и Венецуела, секојдневните граѓани купуваат криптовалути, едноставно за да се заштитат од сиромаштија, ако нивната фиатска валута падне”, вели Деан Анастос, основач и извршен директор на Blockchain Developers во Њујорк. Компанијата е специјализирана за решенија за креирање на токен и смарт договори за блокхеин на едеум, софтверска платформа и програмски јазик што им помага на програмерите да градат и објавуваат апликации. Можете да го наречете тоа инвестирање, признава Анастос, но тој го опишува како “преживување”. Според Анастос, инвестирањето во општество со стабилна економија е изборен акт, додека барањето можности за безбедно да ги задржување на вашите пари во земја како Венецуела е неопходност. “Нивните централни банки ја уништија економијата со хиперинфлација и многу од нејзините граѓани ја преживеаа несреќата, барајќи засолниште во криптовалутите”.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ