Музеј на Македонија денеска, вторник,10 април во 20 часот ќе биде домаќин на два настани, промоција на книгата „Не е шега: дискиминација и цензура“ и џез концерт на Тони Китановски и неговите студенти. Промотор на книгата ќе биде доц. д-р Ана Никодиновска Крстевска, која заедно со проф. м-р Јана Јакимовска ја уредуваше оваа публикација.

Книгата е концентрирана на темите

, коишто беа обработувани од студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“, и тоа преку текстови и изработка на плакати.

Професор Тони Китановски е истакнат македонски џез музичар и педагог, кој во оваа пригода ќе диригира неколку композиции што ќе бидат изведени од неговите талентирани студенти.

Со оваа промоција и концерт се финализира настанот „Не е шега: дискриминација и цензура“, кој во периодот од 1 до 10 април го организираа Универзитетот „Гоце Делчев“ и Музеј на Македонија.