петок, јули 26, 2024
домаКујнаУНИЦЕФ: Боко Харам киднапира повеќе од 1.000 деца од 2013 година

УНИЦЕФ: Боко Харам киднапира повеќе од 1.000 деца од 2013 година

Членовите на екстремистичката организација Боко Харам во Нигерија киднапираа повеќе од 1.000 деца од 2013 година, објави денеска Фондот на ОН за деца. Меѓу нив има 276 девојчиња киднапирани од еден интернат во 2014 година, се вели во соопштението на УНИЦЕФ.

Некои од киднапираните девојчиња успеале да избегаат, други се ослободени по преговори, но околу 100 се уште се заробени и се верува дека се принудени да се венчаат со членовите на Боко Харам.

УНИЦЕФ додаде дека во нападите на исламскиот Боко Харам, кој се противи на западната пракса, како и на образованието, убиени се 2.295 наставници и уништени се повеќе од 1.400 училишта. Во конфликтот меѓу нигериските сили и Боко Харам, од 2009 година загинаа 20.000 луѓе, а 2,6 милиони се бегалци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ