Доколку сте расположени за брзо мезе, што оди со се, оваа крем сусам салата е вистинскиот избор за вас!
Сусам салата
Состојки:
-100г сусам
-250г урда
-150г печеница (вид салама по избор)
-2 лажици павлака
-2 лажици кисело млеко
Подготовка:
Испржете го сусамот. Исечете ја ситно печеницата. Измешајте ги сите состојки заедно.
Декорирајте по желба.
Добар апетит!