Италија денес ги затвори пристаништата за бродови на невладини организации кои превезуваат мигранти, бидејќи се верува дека овие места не можат да бидат безбедни во земја која е една од најтешко погодените од пандемијата на вирусот Ковид-19.
Министрите за надворешни работи, внатрешни работи и здравство на Италија потпишаа указ со кој одлуката стапи на сила и ќе трае до крајот на кризата со коронавирусот, јавуваат италијанските медиуми.
Италија е земја во која вирусот Ковид-19 однесе најмногу жртви во светот, повеќе од 17.000. А.Р.