понеделник, јануари 27, 2025
домаКујна#CookingwithAndrea: Пудинг торта

#CookingwithAndrea: Пудинг торта

Ако се мислите што да десерт да направите за утре, #CookingwithAndrea ви предлага пудинг торта, брзо се подготвува, лесна е за јадење и убаво изгледа…

🍰Торта без печење🍰
Состојки:
-чоколаден пудинг
-4 лажици шеќер
-500мл млеко
-пандишпан на парчиња
-желе
-бело чоколадо
-кокос
-мелени бисквити
-мелени ореви/лешници
-млечно чоколадо

Подготовка:
Сварете го пудингот и оставете го да се излади 15 минути. Исечете ги желето и белото чоколадо на парчиња.
Додате ги сите состојки во пудингот и убаво измешајте.
Ставете во калап по избор и оставете во фрижидер преку ноќ.
Следното утро стопете го чоколадото и истурете го над тортата.
Декорирајте со кругчиња банана и кокос.
Добар апетит!

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ