понеделник, јануари 20, 2025
домаКујнаРасте бројот на жртви во масакрот во Канада

Расте бројот на жртви во масакрот во Канада

Бројот на загинати во канадската провинција Нова Шкотска се зголеми на 18 лица, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.

Тој потсети дека еден од загинатите е припадничка на Кралската коњичка полиција на Канада, Хајди Стивенсон, „чија работа беше да ги заштити животите на луѓето дури и ако нејзиниот живот беше загрозен“.

Властите претходно соопштија дека 16 лица загинале во пукањето кое се случи вчера во градот Портапик, крај атлантскиот брег, на околу 130 километри северно од Халифакс.

Напаѓачот Габриел Вортман (51), кој во текот на крвавиот напад се преправил во полицаец, е пронајден мртов по нападот. Полицијата ја потврди смртта на напаѓачот, но нема потврда дека тој бил убиен од полицијата.

Претставникот на полицијата, Бренда Лаки изјави дека нема индикации дека нападот е поврзан со тероризам. Мотивот за нападот сè уште не е познат. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ