домаЖивотСценаПерија со првенчето „Кокало“ се појави на музичкиот пазар

Перија со првенчето „Кокало“ се појави на музичкиот пазар

Mузичкиот издавач Шарлa, неодамна го издаде првото официјално ЕР издание на групата Перија со наслов Кокало ЕР.

Перија се три девојки од Скопје – Катерина Димитровска, Леа Милиновиќ
и Филис Синаноска, а како Перија постојат од 2015 година.
Музичката позадина на овие new age номадки е во балканските традиции
под силното влијание на музиката на Ориентот. Сепак, современиот, стилизиран израз
го прави ова трио уникатно во својата мисија да го реконструира
културното минато преку стари песни и приказни за љубовта и страдањето.
Свирачки, располагаат со завидна вештина креирајќи прекрасна атмосфера во која ги
сместуваат своите епско-лирски искуства од патувањата низ улиците на историјата
на овие простори. Автентичниот звук на уд, тамбура, бендир и кемане, надополнет со
пријатните вокали на Кате, Леа и Филис и нивните нежни мелодии лесно ќе ве транспортираат во време-просторот каде се случувале секојдневијата на нашите предци.

Перија – Кокало ЕР може слободно да се преслуша и симне(free download) на следниот линк:https://sharla.bandcamp.com/album/kokalo-ep

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ