сабота, јануари 11, 2025
домаЖивотСценаСлавчо Спировски Слав сними песна на текст од Војдан Чернодрински

Славчо Спировски Слав сними песна на текст од Војдан Чернодрински

Карактеристичниот битолски уметник Славчо Спировски Слав неодамна доби необична инспирација и сними песна, на текст создаден пред цели 120 години, поточно излеана од “перо” во 1900-та. Самиот ни раскажа:
-Пронајдов книга од македонски автори од време на Преродбата, ја уредувал Гане Тодоровски. И, таму ја пронајдов “Дебарскиот крај” од великанот Војдан Чернодрински, прекрасна патриотска песна каде што не се спомнува именката Македонија, но се однесува на љубовта кон тој крај. И дојде денот да и направам музика и аранжман. Ја испеав и снимив заедно со е Кице Стефановски, Софија­ Кочовска, зурла свири Џељо Дестановски Дестан, а галички тапан Стојанчо Пиловски Милениум. Снимена е во студиото на Дарко Шерденковски “Шендер”, познат по фестивалот СИДО. Песната е напишана во  1900 година. Сега е и испеана во песна. Верувам дека ќе допре, а и сигурен сум ќе се слуша. Ги очекувам коментарите, вели Слав.
В.Г.Парго
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ