сабота, јануари 11, 2025
домаЖивотСценаПрвиот сингл на Никола Зацески „Срцето мое тука чука“ доби спот (ВИДЕО)

Првиот сингл на Никола Зацески „Срцето мое тука чука“ доби спот (ВИДЕО)

После повеќе месечна работа заврши комплетната припрема и излезе спотот за „Срцето мое тука чука“, првиот поп сингл на Никола Зацески, на музичката јавност во нашата земја познат и етаблиран како оперски пејач.

“Многу успешно и со преголема енергија се заврши комплетното снимањето за мојата прва песна и спот во Австралија и Македонија. Со нетрпение чекам да го споделам со вас овој мој прв најголем проект, кој е составен од врвни професионалци. Се надевам дека ќе успее да допре нашата порака до секој еден. Толку е едноставна и има една цел љубов, среќа, радост, убавина”, порачува Никола Зацески.

Никола Зацески или “Волшебниот Глас”, како што го нарекуваат многу критичари и колеги,  за реализација на својот прв поп проект, состави врвна екипа на професионалци од Македонија и Австралија.

Од Македонија во аудио продукцијата удел имаше студио „XL Момироски“, музика, продуцент и миксинг: Николче Мицевски, текст: Весна Малинова. Видео продукцијата е на тимот Пеце Здравковски, Ѓорѓи Вацев, Христијан Српцански, модели: Клаудија Бабаровска, Симона Митревска.  Од Австралија на песната работеа „The Jam Hut Recording Studio“, продуцент: Горан Вељановски, видео: Миле Манев. Поддршка пружи непрофитната организација “Игри Без Граници” “Play Without Boundaries “. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ