среда, ноември 20, 2024
домаЖивотСоцијална политикаОнлајн дебата: ГЛАСОТ НА НЕВИДЛИВАТА РАБОТНА СИЛА

Онлајн дебата: ГЛАСОТ НА НЕВИДЛИВАТА РАБОТНА СИЛА

Експлоатацијата на жртвите вклучува различни начини на кои жртвите се користат за да се постигне крајната цел на трговијата со луѓе, а тоа е да се оствари заработка за трговецот со луѓе. Во зависност од тоа дали станува збор за сексуална експлоатација, присилна работа, питачење, домашна работа или друга форма на трговија со луѓе, жртвите се соочуваат со различни форми на насилство и тортура со цел да се обезбеди целосна контрола врз нив.

Уште додека се на пат или веднаш штом пристигнат на нивната дестинација, трговците со луѓе ги одземаат документите од жртвите – наводно да ги чуваат, да „договорат“ работна дозвола и слично. Така, жртвата го губи правниот идентитет. За многу жртви, ова е прв пат да ја напуштат својата земја; тие не го знаат јазикот, не знаат каде се, не знаат што можат да направат и какви права имаат. Понекогаш тие се плашат од институциите, особено од полицијата и не сакаат од нив да побараат помош. Покрај тоа, трговците со луѓе наоѓаат начин да ги уверат дека не треба да бараат помош од полицијата затоа што полицајците се корумпирани и сите работат заедно.

Жртвата на трговија со луѓе е принудена да работи цел ден без одмор, лишена е од целата или најголем дел од својата заработка, таа нема право да се жали за работните услови, во зависност од видот на експлоатација таа има работна норма што мора да ја достигне, во спротивно не добива храна или e другa казнета.

Токму на оваа тема а со цел да се одбележи Светскиот ден против трговијата со луѓе, дебатираа претставници на ГО, на институциите и новинарите. На дебатата организирана од Новинари за човекови права учествуваа  претставници од Канцеларијата на СоЕ во Северна Македонија, Новинари за човекови права, Отворена Порта, Националниот Совет за родова рамноправност, Ленче Здравкин, младинската организација Скриен херој во секое дете и од Македонската платформа против сиромаштијата…

Целтта на дебатата е  да информираат за превземените активности за лицата во ризик (најчесто млади луѓе) како да се заштитат и како да ги препознаат трговците со луѓе со цел трудова експлоатација. Преку онлајн дебатата претставници на ГОии кои работат на темата  ја  информираа  јавноста за проектите кои се превземаат во оваа насока и се обидоа да го свртат вниманието кон актуелните случувања поврзани со трговијата со луѓе за трудова експлоатација.

Дебатата е активност од проектот ГЛАСОТ НА НЕВИДЛИВАТА РАБОТНА СИЛА на Новинари за човекови права, субгрантиран во рамките на програмата “Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“, кој е во рамките на иницијативата за соработка на ЕУ и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција – „Хоризонталeн инструмент за Западен Балкан и Турција“ (Horizontal facilities II) 2019-2022 г.

Ал. Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ