сабота, ноември 16, 2024
домаКујна„Хармонија мунди“ - атрактивен видео-аудио настан на Македонската филхармонија

„Хармонија мунди“ – атрактивен видео-аудио настан на Македонската филхармонија

Овој петок, на 12 октомври  во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Хармонија мунди“, кој ќе претстави атрактивен, уникатен видео-аудио перформанс. Под диригентската палка на маестро Емил Табаков, ќе бидат изведени фантастичните „Планети“ од Густав Холст, кои ќе доживеат и видео-анимација, дело на Милчо Узунов од „3Д“ студио.

Грандиозното дело на англискиот композитор, ќе биде изведено на сцената на Македонската филхармонија по подолга пауза, а за првпат доживува и видео придружба која ќе ги збогати сетилата. Во изведбата на „Планети“ учество ќе земе и хорот „ПроАрс“ подготвен од диригентот Сашо Татарчевски.

Солист на концертот „Хармонија мунди“ е врвниот македонски контрабасист Ѓорѓи Цинциевски, кој ќе го изведе Концертот за контрабас и оркестар од Емил Табаков, а оваа вечер ќе биде изведено уште едно негово мошне интересно и иновативно дело – „Астрална музика“.

Контрабасистот Ѓорѓи Цинциевски се образува на престижната висока музичка школа „Royal Northern College of Music“ во Манчестер, Велика Британија, а неговите солистички настапи се високо оценети од критиката која го опишува како „музичар со одлични технички способности, со карактеристичен личен музички израз и силна експресивност“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ