Гете-институт Скопје во соработка со Кинотека на Мекедонија по осми пат го организира Фестивалот за слика и филм за деца и млади (БУФ). Фестивалот ќе се одржи од 15 до 20 април во Кинотека на Северна Македонија и на него ќе се прикажува висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади.
Богатата програма на осмото издание на филмскиот фестивал веќе е утврдена и ветува уживање во филмови за сечиј вкус. На програмата се наоѓаат пет актуелни и возбудливи играни филмови. Сите ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.
Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета
15.04., 12:00
17.04., 18:00
Џим Копче и Лукас машиновозачот
16.04., 14:00
20.04, 12:00.
Тим Талер или Момчето што си ја продаде насмевката
17.04., 12:00
19.04., 12:00
20.04., 14:00
Венди 2 – другарство засекогаш
15.04., 14:00
18.04., 10:00
Помош, ги смалив родителите
16.04., 12:00
18.04., 14:00
Гете-институт ги уверува сите љубители на филмот дека за секого ќе има нешто возбудливо, поттикнувачко, забавно или поучно и, секако, дека ќе има нешто за сечиј вкус.