Целта на овој проект е коренита и суштинска децентрализација на културата во Македонија преку креирање на интрарегионални партнерства меѓу локалните институции, организации и индивидуалци, како и нивно вмрежување со сродни институции од главниот град. Целта не е само организирање на еден ефемерен настан, туку поставување темели за понатамошни слични акции и случувања кои директно ќе ја збогат локалната културна сцена и ќе создадат плодно тло за самоорганизирање и иницијатива.
Блендер – фестивал за децентрализирана култура 2019 ќе се случи на 13 и 15 јуни јуни 2019 во Капан ан и Кинотека.
Програма
Капан ан, 13.06.2019 , 00 ч. (Влез Слободен)
- Мартчин, диџеј сет
- Роботек, диџеј сет
Кинотека на Македонија, 15.06.2019, 20 ч.
- Проекција на филмови на Божа Васиќ (Нови Сад, Србија)
- ДАМИ ВО БЕЛО (LAS DAMAS DE BLANCO – LADIES IN WHITE)
- ДЕФИНИРАЊЕ НА ГРАВИТАЦИЈАТА (DEFYING GRAVITY – DANZA VOLUMINOSA)
- Изложба на фотографии од серијата „Поместување – кога твојот свет се превртува наопаку“
- Концерт на The Local Blue
Музиката на скопското трио The Local Blue е динамична и психоделична. Нивниот звук не може да се опише како збир на секојдневни, тривијални вибрации, ниту пак да се дефинира низ призмата на постоечките жанрови. Напротив, текстурата на звукот на The Local Blue претставува цврста основа за креирање несекојдневни и уникатни звуци кои се филтрираат преку кохезивноста на инструменталистите. Нивната константна склоност кон импровизациските преформанси се одразува на развојот на нивните творечки процеси и воедно продолжува да ја збогатува андерграунд сцената во скопските кругови.
За време на настанот ќе може да се купи пиво од производители на домашно занаетчиско крафт пиво.