Кинотеката денеска соопшти дека поради корона вирусот од превентивни причини ги одложува сите настани и проекции.
-Согласно препораките од Министерството за здравство од состанокот на Kомисијата за заразни болести одржана на ден 10.03.2020, сите јавни активности на Кинотеката се одложуваат во период од 14 дена, почнувајќи од 10.03.2020 до 24.03.2020. За сите нови информации, Кинотеката дополнително ќе извести. Како и сите граѓани, така и Кинотеката одговорно ќе ги спроведува сите препорачани мерки на претпазливост – се вели во соопштението од Кинотеката.

