петок, ноември 29, 2024
домаЖивотЗдравјеСкопски кафулиња самоиницијативно ги затвораат објектите

Скопски кафулиња самоиницијативно ги затвораат објектите

Дел од кафулињата во Скопје доцна попладнево соопштија на своите фејсбук страници дека одлучиле да ги затворат објектите и со тоа да се вклучат активно во мерките за превенција од ширење на корона вирусот.

Меѓу локалите кои се одлучија на ваков потег се Форца ресторан и бар, Коузи бар, Интермецо…

Големите шопинг центри пак, Скопје сити мол, Рамстор и Капитол, денеска излегоа со најава за скратено работно време и соопштенија дека ригорозно се посветени на одржување хигиена, дезинифицирајќи ги јавните површини во своите објекти. Останува да видиме дали и нивната работа ќе биде прекината во рамки на рокот за превентивни мерки кој важи до 24 март, а што беше препорака од министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ