Филипинската берза денеска престана да тргува со акции и капитал до момент кога ќе се забележат знаци на стабилизација на финансиските пазари низ целиот свет.
Претседателот на Филипини одлучи да отвори едномесечен карантин околу островот Лузон, дом на 57 милиони луѓе и моментно регистрирани 140 случаи, како и 12 мртви.
Од почетокот на годината, забележаниот пад на финансискиот пазар на Филипини е повеќе од 30 проценти, што го прави еден од најранливите пазари во Азија.
Вчера, по објавувањето на затворањето на берзата, дневниот пад беше 19,5 проценти, што е негативен дневен рекорд.
Привремените затворања на берзата се реткост, но се забележани. САД ја затворија берзата на една недела по терористичките напади во 2001 година, а Грција на пет недели за време на финансиската криза во 2015 година. А.Р.