сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЖивотна срединаДо подобар урбан живот преку концептот на „Паметни градови“

До подобар урбан живот преку концептот на „Паметни градови“

Во хотелот „Холидеј Ин“ денеска се одржа конференција на која се разгледуваше концептот за „Паметни градови“ како алатка за подобрување на
животот во урбаните средини, меѓутоа и можностите за економски раст и развој на земјата преку градење на одржливи урбани средини во чие создавање ќе учествуваат локалните власти, индустријата и граѓаните подеднакво.

По говорите на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија Сибил Сутер Тејада, говореа и Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка во „Еко свест“, консултантот Филип Нелковски, професорите Огнен Марина, д-р Анис Сефиданоски, како и д-р Стефан Бужаровски, кој работи на универзитет во Манчестер.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ