среда, мај 22, 2024
домаТехнологијаКомпјутериПовик за 24-часовен хакатон за програмирање игри

Повик за 24-часовен хакатон за програмирање игри

Гете-институт Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ организира 24-часовен хакатон за програмирање игри. Поканети да учествуваат се сите оние кои имаат свежи идеи, знаење и искуство во програмирање. Настанот ќе се одржи на 23 и 24 февруари 2018 г. во просториите на ФИНКИ.

На учесниците ќе им бидат обезбедени непрекинат интернет пристап, храна, пијалоци, простор за работа и услови за одмор. Оние кои ќе се пријават со себе треба да понесат само сопствен компјутер и добро расположение за дружба и забава. По продуктивните 24 часа, стручно жири ќе ги избере најиновативните идеи и нивната реализација. За најуспешниот тим или поединец, Гете-институт Скопје ќе ги обезбеди патните трошоци за учество на друг сличен хакатон во регионот.

Местата се ограничени, затоа побрзајте, пријавете се на следниот линк: https://docs.google.com/ forms/d/e/1FAIpQLSerge1FUJ_ 5cny8qoq6AbNG6a4bSiJHUs5fStMUS MgECPpEFg/viewform?usp=sf_link

Повод за организирање на овој хакатон е прикажувањето на интерактивната изложба “Games and Politics“ (Игри и политика) создадена од Центарот за уметност и медиуми Карлсруе (Zentrum fьr Kunst und Medien) во соработка со Гете-институт. Интерактивната изложба Games und Politics ги прикажува видеоигрите како социјални изјави и уметнички објекти и истражува како видеоигрите низ игра го развиваат нивниот политички потенцијал. Посетителите стануваат гејмери и сами откриваат како делуваат игрите врз нив. Изложбата може да се погледне од 07.02-25.02 во аулата на Технолошки факултет во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ