вторник, октомври 8, 2024
домаЖивотЖивотна срединаЕУ форсира вода од чешма, сака да ја „забрани“ флашираната

ЕУ форсира вода од чешма, сака да ја „забрани“ флашираната

Европската унија планира да ги промени своите правилници за квалитетот на водата за да ги спречи новите можни опасности по здравјето и да го ограничи пластичниот отпад, така што ќе ги одврати луѓето да пијат флаширана вода.

Европската комисија соопшти денеска дека новите правила ќе обврзат 28 земји-членки на ЕУ да го подобрат пристапот до вода за пиење и подобро да ги информираат граѓаните за квалитетот на водата, било да е од чешми или шишиња, пренесува АП.

ЕК наведува дека овој потег ќе ја зголеми довербата во локалните водоводи и ќе ги одврати луѓето од флаширана вода, при што пластичните шишиња за вода се најбројни пластични предмети за еднократна употреба на европските плажи.

Цената на водата од чешма изнесува околу 0,2 евра по литар, што е многу поевтино од флаширана вода, а потпретседателот на европската комисија Франс Тимерманс изјави дека ако луѓето знаат што е поевтино за нив, а без ризик за здравјето, можат да направат поинаков избор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ