сабота, јули 27, 2024
домаТехнологијаГодинава „Глобал гејм џем Македонија“ со 172 учесници

Годинава „Глобал гејм џем Македонија“ со 172 учесници

Неодамна се одржа овогодишниот „Глобал гејм џем Макеоднија“ (Global Game Jam Macedonia). Во Скопје и Битола учествиваа вкупно 172 учесници. Беа склопени 31 тим, а беа направени 28 игри. Во Скопје продефилираа приближно 300 посетители за време на траењето на маратонот со дополнителни посетители и минувачи за време на презентациите. Таа бројка во Битола се движи над 200.

Организаторите, на чело со коорганизаторот Гораст Цветковси, ко-основач на Македонска асоцијација за развивање на игри – МАГДА, дадоа 7 интервјуа за интернет и пишани медиуми и три интервјуа и гостувања во емисии и вести.

-Беа изедени 517 сендвичи, 211 буреци и 58 пици и безброј чоколада (не ги броевме). Беа испиени приближно 480 литри Кока Кола, 350 литри сок, 300 литри вода и 500 Ред Бул лименки. Отидоа 450 пакетчиња Квики, а беа потрошени преку 1000 чашки за кафе. Беше потрошено 670 гигабајти интернет сообраќај, работевме со 90 метри продолжни кабли, а се искористи 1400 метри тоалетна картија. Се направи мини турнир во Текен и се играше Nintendo Entertainment System турнир. Се играа борд гејмови, карти (Бељот) и Мафија, опишуваат тие.Во организацијата на настанот беа вклучени 39 луѓе. 70% од учесниците беа машки и на наше огромо задоволство процентот на девојки учеснички од претходните години се зголеми на 30%. Најмногу се програмираше во Unity но и во Unreal, Construct 2, python, Scratch, WEBGL.

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48-часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2017 година на Global Game Jam се сретнаа 36.000 џемери, се одржа на 702 локации во 95 земји и беа создадени преку 7.000 игри.

Македонија го започна своето учество во 2013 година со локации во Скопје и Битола. Во изминатите пет години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 1200 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. Досега се создадени 121 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Македонија беше на 5. место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.

Global Game Jam во Скопје го организира МАГДА (Македонска Асоцијација за развивање на игри) и оваа година ќе се одржи во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ