сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЗдравјеГрешки во готвењето кои ја зголемуваат токсичноста на храната

Грешки во готвењето кои ја зголемуваат токсичноста на храната

И доколку готвите одлично, можеби ги правите истите грешки цело време во кујната, дури и без да сфатите. Еве неколку совети како да ги избегнете.

Загорена храна

Сировата и слабо зготвена храна претставува опасност по здравјето, но и загорената храна може да го стори истото. Ако подготвувате храна на многу високи температури, можете да ја препечете намирницата, а тоа создава хемикалии кои можат да предизвикаат рак и да влијаат на промената на ДНК, што ќе го зголеми ризикот од развој на опасни болести, пренесува „H1“.

Пржење во многу масло

Во овој случај, не станува збор само за закана за внесување на вишок несакани калории, туку за хемикалии кои се создаваат кога одредена храна, како што е компирот, се пржи на висока температура. Акриламид е хемикалија која најмногу се користи во индустриското производство, како што е производството на хартија. Го има и во чадот од цигари, поради што сите пушачи и оние околу нив се изложени на хемикалии. Исто така, и кога се пржи одредена храна, како што е онаа што содржи скроб.

Загревате погрешни масла

Одреден број кулинарски експерти тврдат дека маслиновото масло престанува да биде здраво за нашето срце ако се загрева на многу висока температура, но тие велат дека нема да ослободува штетни токсини за време на загревањето. Нутриционистката Бриџит Бенет вели дека маслиновото масло „се распаѓа“ за време на загревањето и дека голем број важни материи, како што се омега-3 масните киселини и антиоксидансите, пропаѓаат во тој процес.

Сепак, не ги отфрлајте овие масла веднаш, бидејќи можете да ги користите за подготовка на салати или намази. Пронајдете вкусен начин да ги вклучите во вашата исхрана, но не мора да ги загревате на високи температури. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ