сабота, јули 27, 2024
домаКујнаЛагард: На Еврозоната и треба фонд за црни денови

Лагард: На Еврозоната и треба фонд за црни денови

Еврозоната треба да основа фонд „за црни денови“ за помош на земјите-членки во случај на поад на стопанските активности во иднина, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, според пишувањето на британските медиуми.

Во денешниот говор во Берлин, Лагард изразила задоволство од „долготрајниот и широко распространет залет“ на светската економија. Сепак, таа предупредила на „други, силни неповолни трендови кои се закануваат“, издвојувајќи ги „зајакнување на популизмот и краткорочен сиренски повик на протекционизмот“. За Еврозоната да се подготви за следната рецесија, нејзините членки треба да развијат модернизирана унија на пазарен капитал и да ја подобрат банкарската унија и да тргнат кон подлабока фискална интеграција, почнувајќи од централниот фискален капацитет, порача шефицата на ММФ. Таквата фискална алатка би ги смирила инвеститорите, нагласи Лагард.

Нејзиниот предлог за основање на „фонд за црни денови“ предвидува годишни придонеси од земјите-членки за создавање резерви во добри времиња кои би се користеле за време на рецесија. Во екстремни случаи, земјите може да позајмуваат од фондот и да ги враќаат заемите со идните придонеси, објаснува таа. Трансферите од фондот би биле условени со почитување на фискалните регулативи на ЕУ. Лагард, исто така, препорачува членките да плаќаат премија во добрите периоди врз основа на помошта што им била исплатена во „црните денови“. Целта на таквиот механизам би била да се избегнат трајните трансфери.

Коментирајќи во врска со темата на пазарите на капитал во ЕУ Лагард предлага засилена регулатива и ажурирани аранжмани за контрола за да се уреди потенцијалниот прилив на финансиски компании во Европа по Брегзит. „Поради Брегзит, меѓу другото, многу компании за финансиски услуги веројатно во следните неколку месеци ќе се преселат на континентот“, рече Лагард. Тој, исто така, изрази задоволство од знаците на напредок во процесот на формирање банкарска унија. „Договорот за роковите за воспоставување на заедничка програма за осигурување на депозити и план за намалување на ранливите места во банкарскиот сектор ќе претставуваат уште еден значаен чекор во вистинската насока“, додала таа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ