среда, декември 4, 2024
домаЖивотЖивотна срединаЛовот и планинарењето - најголеми закани за заштитените подрачја

Ловот и планинарењето – најголеми закани за заштитените подрачја

Ловот на диви животни поради храна и рекреативните спортови, како што се планинарење и планински велосипедизам, претставуваат две најголеми закани за заштитените подрачја во светот, покажа новото истражување.
Десет истражувачи ги проучувале податоците собрани во текот на изминатите десет години од страна на раководителите на околу две илјади заштитени подрачја во светот, вклучувајќи и недопрени шуми, национални паркови и резервати.
Тие откриле дека ловот претставува најголема закана во земјите во развој, додека рекреативните активности предизвикуваат најголема штета на заштитените подрачја во побогатите земји.
Лов на “диво месо” како птици, инсекти, мајмуни и змии е забележан кај 61 процент од сите заштитени подрачја, покажа новата студија. Животните често се продаваат за задоволување на побарувачката за храна и лекови во урбаните средини.
“Ловот на диви животински видови е во пораст во последно време”, вели Лорен Коед, ко-автор на трудот и научник во Меѓународниот центар за истражување на шумите, со седиште во Индонезија.
“Дел од причината е зголемената побарувачка на големите градови што растат и оттаму расте побарувачката за месо од диви животни. Вториот фактор е проширувањето на патните мрежи во шумите, со што тие стануваат попристапни”.
Резултатите од истражувањето ќе бидат ставени на располагање на менаџерите на заштитените подрачја со цел да се развијат подобри начини за нивна заштита и одржување. Со истражувањето биле опфатени околу 52 милиони хектари заштитени подрачја, од кои 27 проценти во Европа, 26 проценти во Африка, 25 проценти во Америка и 15 проценти во Азија.
Заканата од прекумерно ловење и комерцијалниот лов е најизразена во земјите во развој, каде што заедниците во близина на заштитените подрачја сѐ уште зависат од шумите како извор на храна, покажа студијата.
Можни решенија се регулирање на ловот и работа со локалните заедници во управувањето и заштитата на овие области. Промовирањето на одржливи извори на храна, како што е живината, може да ја намали побарувачката за диви животни.
Закани од рекреативните активности се евидентирани во 55 заштитени подрачја, се вели во извештајот. Тие вклучуваат квад возила, планински велосипеди, крос-кантри скијање, планинарење, дури и шетање кучиња.
“Овие резервати често се жртви на сопствениот успех”, вели ко-авторот Нил Барџис.
Решенијата вклучуваат подобро управување со повеќе лица кои ги посетуваат заштитените подрачја и нивните активности, вели Барџис, водечки научник во Центарот на ОН за мониторинг и конзервација на животната средина во светот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ