четврток, април 25, 2024
домаТехнологијаЛуѓето масовно ги бришат Фејсбук профилите, Цукерберг молчи

Луѓето масовно ги бришат Фејсбук профилите, Цукерберг молчи

Личните податоци 50 милиони луѓе се собрани и злоупотребени без дозвола од Фејсбук, потресот се почувствува во Вашингтон, Лондон, на Волстрит и ширум светот, американскита власти повикаа на истрага, #DeleteFacebook кампањата се засилува, а Марк Цукерберг не се огласува.

Како што пренесува „Гардијан“, Фејсбук објави дека независен тим од дигитални форензичари ќе спроведе истрага и ќе се обиде да утврди дали компанијата „Кембриџ аналитик“ и натаму располага со податоци кои ги набавила од компанијата „Глобал сајенс рисрч“ (GSR).

„Ако податоците и понатаму постојат, тоа би било тешко кршење на правилата за користење на Фејсбук и неприфатливо кршење на довербата и обврските што ги презедоа овие групации“, наведе Фејсбук во соопштението.

Ангажирањето на форензичари и оваа порака од соопштението тешко дека ќе бидат доволни за да се изгасне пожарот, така што официјални службеници во САД и Велика Британија го повикаа првиот човек на Фејсбук, Марк Цукерберг да сведочи.

„Време е да престане да се крие зад својот профил на Фејсбук“, изјави британскиот пратеник на конзервативците, Демјан Колинс, претседател на Комитетот за дигитализација, култура, медиуми и спорт.

Тој е еден од низата службеници кои ги повикаа државните органи да спроведат истрага, но и да се сослушаат челниците од другите информатички гиганти, како што се Твитер и Гугл.

Истовремено, своја борба водат „обичните луѓе“ преку кампањата #DeleteFacebook, чија главна порака е дека Фејсбук во најдобар случај е нешто на што залудно трошите време, а во најлош случај нешто што навистина ви наштетува и ви ја нарушува приватноста (како во случајот на овој скандал) .

Светските медиуми објавуваат упатства како да се „избришете“ од Фејсбук, а има и повици корисниците да се откажат од други сервиси кои функционираат под капата на „големото Ф“ – Инстаграм и Ватсап.

Да потсетиме, процесот на бришење на профил од Фејсбук е прилично едноставен:
логирајте се на Фејсбук
одете во Settings
кликнете на Edit покрај Manage account
кликнете на „Request account deletion“
следете ги натамошните упатства.

Постои и опција за деактивирање на профилот, во која вашите податоци „се сокриваат“ додека не се логирате следниот пат. Меѓутоа, одамна постојат приказни за тоа дека никогаш не можеш целосно да го отстраниш сето она што си го „подарил на Фејсбук“, бидејќи постои таканаречен „профил во сенка“ на кој се складираат вашите навики, врски со други луѓе и слично. Инаку, на интернет можете да најдете и разни скрипти кои постепено ги бришат сите интеракции на социјалните мрежи, и така можете да го избришете своето присуство на Фејсбук.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ