домаЖивотМоже ли да штети конзумирање премногу суво овошје?

Може ли да штети конзумирање премногу суво овошје?

Многумина посегнуваат по грст суви сливи, брусница, кајсии во текот на денот … Секако, ова е правилна одлука, бидејќи на крајот тоа е само овошје, што е многу подобро од чоколадо.

Но, дали може да се претера и зошто тоа не е добро?

Сувото овошје во основа е свежо овошје од кое е одземена целата вода. Поради отстранетата вода, секое парче овошје е многу помало, што значи дека ќе мора да јадеме многу повеќе суво овошје ако сакаме да го постигнеме истото чувство на ситост како и со свежото овошје.

Размислете на овој начин: Може да ставите многу повеќе суво грозје отколку свежо грозје во чаша. И митот дека сувото овошје содржи многу повеќе шеќер отколку свежото поради дехидрираноста, во никој случај не е точен. Едноставно, ќе консумирате повеќе овошен шеќер од шолја суво грозје отколку од шолја свежо, бидејќи многу повеќе сушено овошје може да се смести во шолја. Сосема логично.

Зошто е добро?

Тоа е сè уште многу поздрава опција за ужинка отколку чипс и колачиња со чоколадо. Здравите калории и влакна обезбедуваат енергија веднаш, па затоа спортистите често јадат суво овошје за време на тренингот. На кратко, ако јадете суво овошје во умерени количини, а препорачаната порција е една четвртина шолја, и го купувате она без додаден шеќер, ќе бидете во прилично добра форма. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ