петок, мај 24, 2024
домаНа 11 април- свечена церемонија на 16-от Ромскиот филмски фестивал „Златно тркало...

На 11 април- свечена церемонија на 16-от Ромскиот филмски фестивал „Златно тркало 2018“

По повод 8-ми Април -Светскиот ден на Ромите, ќе се одржи интересен настан за чествување на овој ден. Имено, во чест на денот, а неколку дена подоцна, поточно на 11 април е закажано Свеченото затворање и прогласување на победниците на овогодишниот 16-ти по ред Ромски филмски фестивал „Златно тркало 2018“. Во рамките на овој Фестивал, активностите започнаа со работилници, а главниот настан ќе се случи на 11 Април 2018 година, среда, со почеток од 19 часот во Кинотека на Македонија. И оваа година во трката за наградата „Гран При Златно Тркало 2018„ ќе учествуваат 10 документарни филмски остварувања од САД, Грција, Холандија, Германија, Унгарија, Србија, Бугарија, Франција и Египет. На свечената церемонија, пред свеченото затворање и прогласување на победниците на фестивалот ќе биде прикажан вон конкуренција документарниот филм „Локални херои – Светски таленти„ во продукција на СП БТР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ