среда, мај 29, 2024
домаКујнаОН развива светски регистар на дронови

ОН развива светски регистар на дронови

Светските авиокомпании го поддржаа формирањето на глобален регистар на Обединетите нации за дронови, бидејќи тие загрижени за зголемениот број на блиски средби на овие беспилотни летала и патнички авиони, што ја загрозува безбедноста во воздушниот сообраќај, соопшти нивната асоцијација, пренесе Хина.
Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај ги поддржа напорите на агенцијата на ОН за воздушен сообраќај за да се воспостави таков регистар, кој исто така може да помогне во следење на бројот на инциденти во кои учествуваат дронови и авиони, рече Роб Иглс, директор на IATA за управување со инфраструктурата во воздушниот сообраќај.
Меѓународната организација за цивилен воздушен сообраќај развива регистар, како дел од пошироките напори да се донесат заеднички правила и да се овозможи следење на беспилотни летала.
“Една од важните работи кои би ги сакале од регистарот е компилација на податоци кои ќе вклучуваат извештаи за инциденти и несреќи”, вели Иглс.
Бројот на блиски средби меѓу дронови и авиони во Велика Британија се зголеми повеќе од трипати помеѓу 2015 и 2017 година. Минатата година беа регистрирани 92 инциденти.
„Ер Нов Зеланд“ минатиот месец пријави дека авион од Токио со 278 патници и членови на екипажот, поминал покрај дрон на растојание од пет метри кога слетувал во Окленд.
Единствениот регистар ќе им овозможи на властите да ги идентификуваат и да ги следат дроновите, како и нивните оператори и сопственици.
“Намерата е тоа да се вклопи во регистарот на ICAO за авиони со екипаж за секторот да има консолидирана мрежа на регистри”, изјави портпаролот на ICAO Ентони Филибин.
Регистарот на летала со екипаж го води Авиарето, заеднички проект на групата SITA од Швајцарија и ирската влада.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ