понеделник, јуни 17, 2024
домаЖивотПочина 40 годишна медицинска сестра од корона вирусот

Почина 40 годишна медицинска сестра од корона вирусот

Унијата на ЗМСТАС  информира дека утрово починала уште една медицинска работничка. Станува збор за медицинската сестра Ирена Дојчиновска Милошевска, вработена во Геронтолошкиот завод „13ти Ноември” во Скопје.
Во соопштението испратено од Унијата на ЗМСТАС се вели:
 – Следствено на 10 месечната борба со пандемијата, преоптоварениот здравствен систем, непочитување на превентивните мерки и затечени од лошата вест која ја примивме утрово би сакале да ја информираме јавноста за прерано згаснатиот живот на досега најмладата медицинска сестра – жртва на ковид вирусот. Станува збор за 40 годишната сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од Геронтолошкиот завод „13ти Ноември” во Скопје, која беше голем борец и хуманитарец во и вон своите работни обврски.
“Сакаме да апелираме и да потенцираме дека вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности.” – изјавуваат од извршниот одбор на Унијата.
Унијата на ЗМСТАС сестра Ирена ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател.
Изразуваме сочувство до семејството и најблиските. Нејзиниот погреб ќе се одржи утре, на денот на нејзиниот роденден.
“Ангелите никогаш не умираат”
А.Н.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ