сабота, јули 27, 2024
домаКујнаПочина една од трите преживеани патнички од кубанскиот авион

Почина една од трите преживеани патнички од кубанскиот авион

Почина една од трите преживеани патнички од авионската несреќа што се случи минатата недела на Куба. Бројот на жртви со тоа се зголеми на 111 смртни случаи.

Според кубанското Министерство за здравство, млада жена од 23 години која била во многу критична состојба починала во болница и покрај напорите на лекарите. Исто така беше наведено дека другите две преживеани патнички исто така се во тешка состојба.

Авион на кубанската компанија „Кубана де авијасион“, со 113 патници и членови на екипажот, се урна минатиот петок откако полета од меѓународниот аеродром Хосе Марти во Хавана.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ