сабота, јули 27, 2024
домаКујнаПремиерно прикажан филмот „Враќање“

Премиерно прикажан филмот „Враќање“

Синоќа, 18 април, во кино комплексот Цинеплекс во Скопје сити мол се одржа официјалната македонска и светска премиера на долгометражниот игран филм „Враќање”/”Kthimi”, во режија на Кастриот Абули. 
Филмот е финансиран со средства од Агенцијата на филм на РМ, а во копродукција со Косовскиот центар за кинематографија и господинот Абдули. 
Покрај врвни филмски автори, актери и работници од Македонија и Косово, како гостин во филмот, во една од насловните женски улоги, се појавува и француската актерка Делфин Депардје, внука на познатиот светски актер Жерар Депардје.
По премиерата, филмот ќе игра на редовниот репертоар на киното Синеплекс.
Главен продуцент на филмот е „Дарданиа филм“ од Скопје, копродуцент „Шкупи филм“ од Приштина, режисер и сценарист е Кастриот Абдули и извршен продуцент Симеон Мони Дамевски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ