понеделник, мај 20, 2024
домаКУЛТУРАПрва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“

Во Културно информативниот центар – Скопје вечерва со почеток во 20 ч. ќе се отвори првата самостојна изложба на Јана Николовска – „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“.

Изложбата има за цел да направи едно патување низ различни димензии на човечката психа и внатрешност, презентирајќи 5 видео инсталации со звук во простор.

Влегувајќи од сала во сала, посетителите ќе преминуваат од една во друга сфера од изложбата. Бидувајќи во секоја сала, инспирирани од видео инсталациите, посетителите ќе бидат во еден дух на себе-спознание и интроспектива. Идејата е да видео инсталациите допрат до душата на посетителите, отварајќи простор за размислување за самите себе си, начинот на кој живееме, битисуваме и постоиме.

„На оваа изложба сакам да ве поведам на едно патување. Сакам да тргнеме од крајот кон почетокот. Сакам сите да нурнеме длабоко во себе“, вели уметницата Јана Николовска.

Јана Николовска е родена 1994 година во Скопје, Македонија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф.м-р. Жанета Вангели, во 2018 година. Првите медиуми во кои создавала се сликарството и цртањето. Малку подоцна, таа се занимава со фотографија и дигитални уметнички дела. Таа го истражува дигиталниот свет создавајќи многу различни колажи од нејзините фотографии, како и дигитални илустрации. Конечно, нејзиниот креативен процес ја натера да почне да експериментира и да работи со видео и звук што ѝ отвори сосема нов интересен свет. Таа има изложувано во и надвор од нејзината земја, некои од местата што ги има изложено се: Галерија МЦ – Њујорк, МСУ – Скопје, НУ Музеј на Македонија – Скопје, Галерија Тарнер Хаус – Британија, Галерија ФЛУ – Скопје, Галерија МКЦ – Скопје, Брајчино, Преспа, за време на настанот „Запознајте ја Преспа“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ