сабота, јули 27, 2024
домаКујнаПуџдемон пред судија во Германија, протести во Каталонија

Пуџдемон пред судија во Германија, протести во Каталонија

Поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон треба да се појави денес пред суд во Германија по неговото апсење за време на викендот, објави АФП. Минатата ноќ во шпанска Каталонија избија нови протести и судири меѓу сепаратистите и полицијата. Најмалку 89 лица беа повредени, а четворица беа уапсени.

Пуџдемон Шпанија го бара за предавство и обид за отцепување. Тој беше уапсен откако се обиде да влезе во германија од Данска, а потоа во Белгија, каде што живее откако ја напушти Шпанија, каде што против него е отворена истрага и процес.

Минатата година, Каталонија се обиде еднсотрано да прогласи независност, но владата од Мадрид брзо го угуши обидот и воведе централна влада.

Шпанските медиуми јавија дека повеќе од 50.000 луѓе демонстрирале вчера против неговото апсење. Денешното сослушување само ќе го утврди неговиот идентитет, а потоа ќе биде отворена постапка за екстрадиција по Европскиот налог за апсење, која може да трае до два месеци. Во Шпанија му се заканува затвор до 30 години.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ