четврток, мај 30, 2024
домаКујнаПутин и Ердоган покренуваат градба на првиот турски нуклеарен реактор

Путин и Ердоган покренуваат градба на првиот турски нуклеарен реактор

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, ќе ја отворат изградбата на првата турска нуклеарна централа во време на продлабочувањето на односите меѓу двете земји.

Путин, кому ова му е прва посета на земјата откако беше реизбран за претседател, денеска пристигна во Анкара на разговори со Ердоган. Двајцата од далечина ќе ја покренат изградбата на централата Акују на медитеранскиот брег. Електраната ја градат руски компании.

Турција и Русија ги тргнаа на страна традиционалните ривалства и разлики во регионалните прашања со цел да се зближат. Путин и Ердоган се состанаа неколку пати минатата година и редовно разговараа со телефонот.

Иранскиот претседател Хасан Рохани ќе им се придружи во среда, а тројцата лидери ќе разговараат за Сирија. Русија, Иран и Турција се покровители на серија мировни напори за ставање крај на војната во Сирија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ