домаКујнаСе урна јужнокорејски борбен авион

Се урна јужнокорејски борбен авион

Борбен авион на Јужна Кореја се урна во планините во руралниот дел на југот на земјата, соопштија јужнокорејските воздухопловни сили.

Уште не е позната причината за падот на авионот Ф-15К, ниту пак дали двајцата пилоти безбедно се катапултирале.

Јужнокорејските воздухопловни сили наведоа дека во тек е потрагата по пилотите, кои по воздухопловната мисија се враќале во базата во градот Тегу.

Се додава дека нема извештаи за можни цивилни жртви, ниту материјална штета.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ