понеделник, мај 20, 2024
домаКујнаСкопска премиера на „Види ја ти неа“ на СФФ

Скопска премиера на „Види ја ти неа“ на СФФ

Скопската публика ќе има можност да го гледа кратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ како дел од програмата на 21. Скопски филмски фестивал. Проекцијата е на распоредот на 23-ти април (понеделник) во 19 часот во Кино Милениум.
Филмот беше прикажан на 38. Интернационален фестивал на филмска камера “Браќа Манаки“ каде ја освои наградата Мала камера 300 по што следуваа престижните фестивали во Санденс каде му беше доделена наградата Најдобар Интернационален краток филм и  40.Клермон-Феран фестивал за краток филм-најпрестижниот фестивал на светско ниво посветен на краткиот филм, па 23. Кино Павасарис-Интернационален филмски фестивал во Вилниус, 65.Мартовски фестивал-Белградски фестивал на документарен и краток филм каде што освои Гран при  во категоријата игран филм. „Види ја ти неа“ моментално се прикажува на 6.LET’S CEE филмски фестивал во Виена каде првата проекција се одржа пред бројна публика која добро го прифати. Истиот е на уште неколку значајни филмски фестивали.
Сценариото за филмот го напиша Горан Столевски кој е и режисер, а авторската екипа ја сочинуваат и Наум Доксевски-кинематографер, Влатко Чачоровски-сценограф, Жаклина Крстевска-костимограф, Братислав Зафировски-тонец, а шминката е на Наталија Кајевска. Продуценти се  Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски.
Главниот лик Анета го толкува актерката Сара Климоска, а покрај неа играат и Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска, Милица Стојанова, Жарко Јовановиќ, Иво Антов, Виктор Арсов, Симон Манасковски, Изабела Новотни и Горан Илиќ.
„Види ја ти неа“ е копродукција помеѓу Црна Мачка Продукција и Скопје Филм Студио, а истиот беше финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ