сабота, јули 27, 2024
домаКујнаТрета несреќа на руските воздухопловни сили: Две жртви во пад на хеликоптер

Трета несреќа на руските воздухопловни сили: Две жртви во пад на хеликоптер

Падот на транспортно-борбениот хеликоптер Ка-29 синоќа во во Балтичко море е трета несреќа на руските воздухопловни сили, во која загинаа двајца членови на екипажот. Според претставници на балтичката флота, синоќешната несреча се случила при поволни временски услови, пренесе ТАСС. Во тек е пребарување на областа на која падна хеликоптерот.

Претходно, борбен авион за обука на пилоти се урна вчера во регионот Воронеж, а никој не беше повреден, бидејќи екипажот се катапултираше. Во времето на падот, околу 9.40 по локално време, во авионот биле инструкторот и член на пилотската академија. „Капетанот на екипажот рече дека за падот е виновна техничка грешка“, наведе руското Министерство за одбрана.

Пред два дена, падна хеликоптер Ми-8, а шест лица загинаа во таа несреќа. Овој хеликоптер падна во Хабаровск, на рускиот Далечен Исток. При падот избувна и пожар.

Рускиот истражен комитет соопшти дека хеликоптерот извршувал тест-лет и во него бил само екипажот. Во врска со овој случај покрената е истрага, а официјални лица изјавија дека постојат три верзии за несреќата – временски услови, технички дефект или грешка на пилотот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ