сабота, јули 27, 2024
домаТехнологијаВирусот „WannaCry“ го нападна „Боинг“

Вирусот „WannaCry“ го нападна „Боинг“

Фабриакта за авиони „Боингот“била нападната од вирусот „WannaCry“, што би можело сериозно да влијае на работата на оваа компанија. Инфекцијата со вирусот е откриена во известувањето на главниот инженер од секторот на комерцијални авиони. Овој „ransomware“ според неговиот извештај брзо се шири, а веќе некои сектори со автоматизирани машини за склопување престанаа да работат. Она што најмногу загрижува е можноста „WannaCry“ вирусот да се прошири во опремата за тестирање на функционалноста на авиони, но исто така и да дојде до софтверот на самите авиони.

Во обид да се лоцира ПР пожарот  кој настана, од „Боинг“рекоа дека некои медиумски извештаи се неточни со погрешно проценета сериозност на ситуацијата. Според нив, центарот за безбедност открил ограничена појава на вируси што влијаела на мал број системи. Од „Боинг“ истакнуваат дека се преземаат активности за отстранување на пречките, а особено е нагласено дека вирусот нема да влијае врз производството и испораката.

Кој стои зад вирусот „WannaCry“?

„WannaCry“ е „ransomware“софтвер кој може да ги заклучи датотеките додека на хакерите не им се исплати откуп. Досега, овој вирус е забележан во неколку големи системи, како што се болници, банки, па дури и системи на влади во неколку земји. Сепак, со развојот на контрамерки, бројот на напади на „WannaCry“ е значително намален од почетокот на годината.

Нападите во стартот беа можни поради ранливоста во постарите верзии на „ Мајкрософт Виндоус“ кои беа отстранети во меѓувреме. „Мајкрософт“ исфрли печ за ранливоста на Виндоус 7, но очигледно многу луѓе не направиле ажурирање на системот, со оглед дека нападите сеуште се случуваат. Се уште не се знае кој стои зад вирусот „WannaCry“, иако американската администрација се сомнева на Северна Кореја за нападите кои држеа илјадници компјутери заробени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ