сабота, јули 27, 2024
домаКујнаВо Франција започна бран штрајкови

Во Франција започна бран штрајкови

Железничките работници во Франција започнаа тридневен штрајк оваа недела, што е голем тест за францускиот претседател Емануел Макрон, кој најави реформи во земјата, наведе агенцијата „Франс прес“.

Штрајкот на железницата ќе влијае на околу 4,5 милиони граѓани кои користат воз, едно од омилените превозни средства во Франција, и ќе трае до 28 јуни, ако Макрон не се откаже од плановите за големи промени во националната железничка компанија СНЦФ.

Персоналот на авиокомпанијата „Ер Франс“, комуналните работници и одделни работници во енергетскиот сектор, исто така, денес ќе имаат одделни штрајкови во атмосфера на растечки социјални тензии 11 месеци откако Макрон беше избран за претседател на Франција.

Пензионерите, студентите и работниците од јавниот сектор протестираа во изминатите недели поради реформите што ги најави 40-годишниот Макрон, јави агенцијата АФП. Само еден брз воз (ТГВ) од осум ќе сообраќа, како и еден од петте регионални, додава агенцијата.

Раководството на „Ер франс“ соопшти дека 75 отсто од летовите нема да бидат погодени од петтиот штрајк поради платите за околу еден месец, но дека следните штрајкови ќе бидат закажани за 7, 10 и 11 април.

Аналитичарите сметаат дека бранот штрајкови ќе биде тест како за Макрон така и за синдикатите кои повикувајќи на штрајк може да поттикнат уште поголемо незадоволство во општеството.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ